ЗА СИТЕ КОИ ВЕЌЕ ГИ НЕМА! Оваа сабота се одбележува Задушница во чест на душите на починатите
Православните христијани во сабота ја одбележуваат Задушница. Празникот Задушница, се одбележува во чест на душите на мртвите. На овој ден од страна на најблиските се посетуваат гробиштата каде што со лепче, пченица и осветено црвено вино се чита молитва – помен за починатите. На Задушница се сеќаваме на сите наши лица кои се починати, при што ги посетуваме нивните гробови, а воедно исто така се пали свеќа за покој на починатото лице.
На Задушница во христијанските храмови се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите, каде се пали свеќа и се чита молтива.