ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО УЧИЛИШТАТА: Задолжителен тест на дрога!

Сподели го ова:
























Задолжителен тест на дрога како кај средношколците, така и кај учениците од деветто одделение, анализа на казните за извршителите на насилство, контрола на интернет-провајдерите, како и контрола на оружјето што го имаат граѓаните, се дел од мерките кои што ги претстави проф. Марјан Ѓуровски. Овие предлог мерки се дел од предлозите за зголемување на безбедноста во училиштата. Ѓуровски, заедно со тим професори од Филозофскиот факултет го спроведува научно-истражувачкиот проект „Безбедноста во училиштата – градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“.

„Предлагаме, да се размисли за воведување задолжителен тест кај учениците од средно образование и кај учениците од деветто одделение на дрога и наркотични средства, и тоа еднаш-двапати во текот на училишната година. Сакаме да им предложиме на институциите серија мерки не само за Министерството за образование и наука туку и, за пример од Министерството за внатрешни работи. Дополнително, треба да се ангажира Министерството за внатрешни работи да направи контрола на лесното и мало оружје што го поседуваат граѓаните. Сега е моментот кога се врши пререгистрација на дозволите на граѓаните и мора да се зајакнат контролата на начинот на чување на оружјето и почитувањето на регулативата кај стрелиштата. Потребна е и посебна регулатива за тоа кој може да поседува лесно и мало оружје, но и начинот како тие ќе се користат. Предлагаме Министерството за правда да направи анализа на казнената регулатива во делот на политиката за извршителите на насилство, но и во делот на казнената регулатива на оние што не постапуваат во однос на одговорностите што ги имаат за справување со безбедноста“ – нагласи Ѓуровски.




Сподели го ова:

Слични објави