За ЈП “Македонија пат” нема зима! Постојано работат на расчистување на снегот со целокупната расположива механизација и работна сила која е вклучена во расчистување на патиштата

Сподели го ова:


























Сообраќајот на државните патишта се одвива,по влажни коловози во зимски услови со остатоци од кашест снег. Забрани за тешки товарни возила од превентивни причини има на следниве патни правци: Крива Паланка – г.п. Деве-Баир, Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, на планиските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, Делчево – г.п. Делчево и Тетово – Попова Шапка.

ЈП Македонија пат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.

Од страна на ЈП Македонија пат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.




Сподели го ова:

Слични објави