“Балада Арт Продукција”-Прилеп 2021 ја заврши со уште еден огромен успех

Сподели го ова:























“Балада Арт Продукција”-Прилеп 2021 година ја заврши со уште еден огромен успех на музичко-културен уметнички план. Имено последнава недела новогодишната претстава “НОВОГОДИШНА МАГИЧНА БАЈКА”, која како резултат на нејзиниот голем уметнички, театарски интерактивен капацитет, минатата недела се одигра два пати-едно по друго во НУЦК “Марко Цепенков”-Прилеп, а во понеделникот оваа претстава гостуваше во Куманово, каде што ги освои симпатиите на најмладата кумановска публика. Во четвртокот вечерта оваа претстава гостуваше во Општина Битола, на спектакуларната отворена сцена пред платото на Офицерски дом- Битола. Претставата беше дел од неколку дневната новогодишна програма на сцената која беше сместена пред платото на офицерски дом. Ексклузивната претстава на БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА-Прилеп, беше дел од битолската неколку дневна новогодишна програма “Зимска приказна”. Претставата во Битола наиде на голем интерес од страна на многубројната млада битолска публика која во еден здив со големо внимание ја следеше оваа детска претстава. Исто така, оваа претстава за на крај беше одиграна во Општина Демир Хисар, каде што по лична покана на градоначалникот на оваа Општина, Гоце Балада одлучи оваа новогодишна претстава да биде одиграна и оваа општина. Станува збор за уникатна детска музичка претстава каде Дедо Мраз не можејќи да најде подароци за сите дечиња мора на помош да повика ВИСТИНСКИ МАГИОНИЧАР кој претставува ВИСТИНСКА АТРАКЦИЈА ЗА МЛАДИТЕ. Во претставата магионичарот преку магија вади вистинско зајаче, гулаби и многу други останати магични подароци кои не може да ги најде дедо Мраз. Сето тоа, предизвикува големо внимание кај најмладата публика за време на целата претстава. Магионичарот освен овие трикови пред младата публика прави и други магични трикови заедно со Дедо Мраз. Во претставата исто така учествуваат Старата и Новата година. Претставата е пропратена и со музички песни.

Имено, исто така “Балада Арт Продукција”-Прилеп го организира и четвртото фестивалско издание на детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивал кој што од страна на публиката е прогласен за Модерен детски-светски бренд! Најновото фестивалско издание ќе треба да се случи во месец мај оваа 2022 година. На овој прилепски детски фестивал пеат деца од цела наша земја како што се од Прилеп, Скопје, Крушево, Радовиш….Доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!



Сподели го ова:

Слични објави