ВРАБОТЕНИ ВО МАК. ШУМИ: Дајте ни ја платата, си го бараме своето!

Сподели го ова:


























Втор ден од штрајкот на вработените во Македонски шуми, а вработените сеуште немаат земено плата, а воедно не отстапуваат и од нивното барање, а тоа е да се исплатат заостанатите плати заклучно со февруари, како и да се исплатат и заостанатите додатоци.

Дајте ни ја платата, си го бараме своето! – истакнуваат дел од вработените во ова ЈП. Колку за потсетување, Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) го најави овој штрајк кој што започна вчера 7-ми март, а истиот ќе трае сѐ до исполнувања на барањата за исплата на плати за вработените во „Национални шуми“. 

Ова претпријатие вработи нови 400 лица, и покрај тоа што се соочува со тешки моменти и не исплаќа плати и придонеси.




Сподели го ова:

Слични објави