Благодарение на градоначалникот Чонески и повеќе компании, Крушево ќе го има најбогатото издание од манифестацијата “Празничен шепот на крушевската чаршија”
Повеќе од очигледно е дека три недели Крушево ќе живее во вистинска новогодишна бајка во која покрај крушевчани ќе уживаат и многу бројните туристи. Мора да се признае дека со вакви многубројни културни настани Крушево започнува да прераснува во еден модерен, културен туристички центар кој ќе претставува магнет за туристите за време на новогодишните празници.

Под слоганот “Празничен шепот на крушевската чаршија”, оваа година крушевчани и туристите во Крушево ќе уживаат во најбогатата програма на годинешната крушевска “Зимска приказна”, која опфаќа голем број на на културни настани, театарски претстави за деца, музички бендови и што ли уште не! Во програмата, свој придонес и поддршка на организаторите на овој настан ќе даде и новиот градоначалник на Општина Крушево, Нико Чонески. Благодарение на градоначалникот Чонески и повеќе компании, Крушево ќе го има најбогатото издание од манифестацијата “Празничен шепот на крушевската чаршија”
Покана за првиот настан – отворање на ЗИМСКАТА БАЈКА и осветлување на крушевската чаршија -20.12.2025 во 18 часот















