|

Во спортската сала во СОУ “Ѓорче Петров”-Прилеп се одржаа натпревари во одбојка за средни училишта од општина Прилеп во женска конкуренција

Сподели го ова:
















Како што претходно извести нашата информативна редакција, во саботата беа одбележани 157 години од раѓањето на македонскиот професор, публицист, историчар и идеолог на Македонската револуционерна организација-Ѓорче Петров. Имено, Ѓорче Петров е роден на 2 април 1865 година во Варош-Прилеп, а загинал на 28 јуни 1921 година во Софија.

По повод 157 години од раѓањето на македонскиот револуционер, во петокот (01.04.2022) во спортската сала во СОУ “Ѓорче Петров”-Прилеп се одржаа натпревари во одбојка за средни училишта од општина Прилеп во женска конкуренција. Во спортски и пријателски амбиент првото место го освои екипата на СОУ “Ѓорче Петров”-Прилеп, победувајќи ја екипата на СОУ гим. “Мирче Ацев”-Прилеп со 2:1. 







Сподели го ова:

Слични објави