Во недела уште една еко акција за пошумување
Интернационалната Полициска Асоцијација-Регион Прилеп и КПД “Затвор”-Прилеп, за во недела (10.04.2022) во 9 часот организираат еко акција за пошумување во атарот на с.Ореовец. Оваа еко акција ќе биде во чест на починатите колеги од МВР регионот ИПА-Прилеп: Зоранче Маркоски, Дејан Ангелески и Дејан Ристески и колегите од КПД “Затвор” Дејан Конески и Мице Чапкуноски.

