4-ти Април-Ден на тутунските работници: Дали на прилепчани му се исплаќа и понатаму да садат тутун?

Сподели го ова:
















Денес-4 Април, се одбележува како Ден на тутунските работници, а основната причина зошто Денот на тутунските работници се одбележува токму на овој ден секоја година, доаѓа уште од далечната 1938 година кога тутунските работници на чело со Борка Левата, организирале голем штрајк во монополот, се со цел за да си ги заштитат своите основни права. Од тогаш, па се до ден денес, традиционално овој ден секоја година се чествува како своевиден празник на тутунските работници во Македонија.

Во нашата земја, во примарното производство на тутун, се вклучени илјадници семејства, додека пак во тутунското стопанство работат над 5000 работници. Ако се направи една анализа, тогаш можеме да истакнеме дека тутунскиот сектор поседува едно директно влијае врз економијата во државава, зашто отприлика околу 30% од буџетот се полни благодарение на работењето на тутунските компании по основ на даноци и други останати давачки. Прилепскиот крај е оној најтутунарски реон во нашата земја, а од производство на ориентален тутун денеска на ниво на цела земја егзистираат повеќе од 10 илјади семејства кои што преку нивниот макотрпен труд се вклучени директно во самата продукцијата. Меѓутоа, се поставува прашањето, дали кога денеска се зголемени севкупните трошоци за производство, на прилепчани му се исплаќа и понатаму да садат тутун?







Сподели го ова:

Слични објави