ВО ПРИЛЕП, ЗАПОЧНА ДА ПРЕОВЛАДУВА ГОЛЕМАТА КАРНЕВАЛСКА МАГИЈА
Денеска во Прилеп, 2 март, ќе започне централната манифестација односно Карневалската поворка и самиот Карневал. Поворката ќе тргне во 12:00 часот пред НУЦК „Марко Цепенков“, ќе се движи по бул. Гоце Делчев и ќе заврши на Плоштадот „Методија Андонов Ченто“ каде ќе започне Карневалот „Прочка“ 2025 кој ќе биде збогатен со жонглери, акробати, кловнови, куклари и многу други изненадувања!
Традиционалниот ручек и одбележувањето на „Чист Понеделник“ заедно со здружението „Прилепски Мечкари“ ќе биде на 3 март, во понеделник, во 12:00 часот на манастирот Св. Ѓорѓија во селото Присад.
Ве очекуваме во што поголем број да го одбележиме празникот Прочка! – порачуваат од Општина Прилеп.