Проданоски: Ќе ја унапредиме културната инфраструктура за да создадеме современи услови за нашите уметници и културни работници
Културата е душата на еден град, а Прилеп отсекогаш бил препознатлив по својата богата уметничка традиција, по театарот, музиката и бројните културни настани кои ја одразуваат креативната енергија на прилепчани. Затоа, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, посветуваме посебно внимание на унапредување на културната инфраструктура за да создадеме современи услови за нашите уметници и културни работници, но и за граѓаните кои ја сакаат и ја живеат културата.
Овие три проекти секако дека ќе бидат многу значајни за културниот развој на градот! – порача кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.
















