Според мапата на Mapbox, најпознато име во Србија е Новак Ѓоковиќ, а во Македонија е Али Ахмети…
Топи Тјуканов -географот и истражувачот на Mapbox креира мапа во која се вклучени сите најважни личности во светот како и местата каде што овие личности се родени. Врз основа на оваа мапа, во Хрватска најпознато име е Никола Тесла, а во Србија е Новак Ѓоковиќ.
Во првите најпознати личности во Македонија во мапата се набројани: Али Ахмети, Тоше Проевски, Јустинијан Први, Мајка Тереза, Калиопи, Киро Глигоров, Горан Пандев, Даме Груев, Благица Павловска, Љубе Бошкоски, Агим Нухиу, како и уште голем број на други останати личности.