Во Прилеп, се продолжува работното време на угостителските објекти за дополнителни два часа – за време на траењето на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
Советот на Општина Прилеп на својата 61-та седница донесе одкука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на одржувањето на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Согласно одлуката, во деновите 6, 7 и 8 јуни, работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено за два часа, со цел да се овозможи поквалитетна услуга и пријатна атмосфера за гостите и посетителите на фестивалот.


















