Во Прилеп, одбележан 10 Април – Денот на артилерискиот баталјон
Денеска, во градот под Марковите Кули беше одбележан 10 Април – Денот на артилерискиот баталјон.
Во мое лично име и во име на Општина Прилеп, упатувам искрени честитки по повод одбележувањето на 10 Април – Денот на артилерискиот баталјон. Посебна благодарност и признание упатувам до досегашниот командант, потполковник Славчо Кузманоски, за неговото посветено и професионално раководење, како и за искрената и плодна соработка со локалната самоуправа. Ви посакувам многу успех, здравје и нови достигнувања на секое поле во понатамошната кариера. Воедно, упатувам најсрдечни честитки и добредојде до новиот командант, потполковник Сашко Палески. Убеден сум дека со својот капацитет и визија ќе продолжи со успешно водење на баталјонот и со продлабочување на соработката со нашата заедница – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.


















