Вчера на Могилата на непобедените беше изведена претставата ,,Црнила ремикс” од Коле Чашуле
Вчера вечерта во рамките на МТФ ,,Војдан Чернодрински” прилепчани ја проследија претставата ,,Црнила ремикс” од Коле Чашуле, како дел од програмата ,,Автор во фокус”.
Претставата се одигра на отворено на Могилата на непобедените.
Сакам да упатам честитки до Проф. д-р Ана Стојаноска и до Собранието на фестивалот за новиот концепт за оваа година, со што уметноста и театарот се носат поблиску до сите граѓани. МТФ ,,Војдан Чернодрински” е уметнички бренд не само на Прилеп туку и на Република Македонија! – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.