Ќе ве освојат “на прва”! Слушнете ја маестралната изведба на учениците од ООУ „Климент Охридски“ и СОУ „Мирче Ацев“ заедно со нивните верни пријатели
Mузиката е јазикот кој сите го разбираат, но македонската песна е онаа што ни ја допира душата!
По повод Светските денови на музиката, учениците од ООУ „Климент Охридски“ и СОУ „Мирче Ацев“ – Прилеп, заедно со нивните верни пријатели од КУД „Преродба“ и групата „Тајфата“, ни докажаа дека кога се обединуваме во името на уметноста, создаваме нешто бесценето. Преку безвременската песна „Признавам“, тие уште еднаш ја потврдија својата улога како чувари на македонскиот музички идентитет.
„Таму каде што зборовите запираат, музиката почнува да зборува.
Честитки до сите млади таленти и уметници кои покажаа дека традицијата не е само минато, туку жива искра што ја грее нашата иднина. Продолжете да творите со срце и да не правите горди!

Ментор- Маја Џопа
Ментор- Татјана Трчкович Ивановска
Музика- Бојан Митрески
Звук Чавлески Логистик
Видео Фан продукција-Пилата



















