Во битолско се работи на реконструкција на улици во селото Трн

Сподели го ова:





























Денеска битолскиот градоначалник изврши увид во градежните работи на реконструкција на улици во селото Трн. Реконструкцијата опфаќа пет улици со вкупна должина од 1021,14 метри, сите широки по 3,5 метри и банкини од двете страни широки од 50 см.

Вкупната вредност на проектот е 7.181.218 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за транспорт преку вториот владин повик. Со ова ја подобруваме патната инфрастуктура и во руралните средини, а како Општина остануваме посветени на подобрување на условите за жителите на Општина Битола – порача градоначалникот Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави