ВНИМАВАЈТЕ ШТО ЈАДЕТЕ: АХВ нареди итно повлекување на виршлите од компанијата „Вуди“, поради присуство на бактерија

Сподели го ова:























Како резултат на добиена нотификација за пласиран небезбеден производ на македонскиот пазар, виршлите од брендот Wudy, кај кои вo една земја членка на ЕУ било утврдено присуство на бактерија Listeria мonocytogenes ST 155, како контакт точка на RASSF Агенцијата за храна и ветеринарство нареди итно повлекување на неколку небезбедни серии од претходно наведениот производ.

Имено кај компанијата е извршен вонреден инспекциски надзор, со помош на кој што било утврдено дека од спорните серии, (кои во земјава биле увезени во неколку наврати), во магацините се наоѓаат 3 030 килограми, и истите се целсоно ставени под службен надзор.

Напомена: Како што истакнуваат од АХВ, овие количини, ќе бидат нештетно уништени заедно со количините кои што ќе бидат повлечени од пазарот.



Сподели го ова:

Слични објави