Убавина! 12 новороденчиња во прилепската болница ја здогледаа светлоста на денот
Добро утро наши сограѓани!
Нашите дванаесет новороденчиња и нивните мајки, а воедно и вработените во одделението за гинекологија и акушерство заедно со одделението за неонатологија ви посакуваат убав ден.
Денес, едно новородено бебе испраќаме дома а уште две се на пат.↪Нашето одделение работи 24/7 со специјалисти гинеколози и специјалисти неонатолози. На нашите пациентки им благодариме на довербата а на новороденчињата им посакуваме среќно и безгрижно детство и сè најубаво во нивните семејства – се вели во објавата на прилепската градска болница.