ВНИМАВАЈТЕ! НАСИЛНИЦИ НА СЕКОЈ ЧЕКОР: Нападната прилепчанка од страна на две лица
Денеска, 07.10.2022 нешто после полноќ, односно во 01.05 часот на булеварот „ВМРО“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар-Бит Пазар ги лишиле од слобода С.М.(42) и В.Т.(24), двајцата од Скопје. Претходно наведените лица се сомничат дека на 06.10.2022 околу 23.00 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје физички ја нападнале А.Ц.(36) од Прилеп, при што со закана го одзеле нејзиниот мобилен телефон.
Одземениот телефон бил пронајден кај осомничените лица и истиот бил вратен на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.