Градоначалникот Проданоски го слуша гласот на народот! До доцна вечерва разговараше со граѓаните за нивните предлози, предизвици и проблеми со кои се соочуваат во секојдневниот живот
Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски повторно на средби со прилепчани. До доцна вечерва разговараше со граѓаните за нивните предлози и предизвици со кои се соочуваат во градот под Марковите Кули.

“Почитувајќи го работното време на граѓаните, денешниот приемен ден го одржавме во попладневните часови. До доцна вечерва разговаравме со многу наши сограѓани за нивните предлози, предизвици и проблеми со кои се соочуваат во секојдневниот живот.
Средбите лице в лице се најдиректниот и најискрен начин да се слушне гласот на граѓаните и да се најдат вистинските решенија за нашиот Прилеп. Затоа непосредната комуникација со граѓаните останува еден од најважните делови од мојата работа.
Дијалогот, довербата и заедничката работа се клучни за подобра иднина на Прилеп” -порача Проданоски.


















