Внимавајте кога купувате пилешко! АХВ забрани увоз на пилешко од Бугарија, Полска, Бразил и Унгарија

Сподели го ова:






























Агенцијата за храна и ветеринарство на 21 октомври оваа година донесе решенија врз основа на кои се забранува увоз и транзит на живи животни и прехранбени производи од живина – од повеќе земји меѓу кои и Република Бугарија.

Две од неколкуте донесени решенија, се однесуваат на забрана за увоз како и транзит на живи животни, мелено пилешко месо и месо со потекло од Бугарија и одредени региони од Унгарија – со цел заштита од птичји грип. Додека пак други две решенија, се однесуваат на забрана за увоз на живина, мелено месо и месо од дивеч од бразилската држава Рио Гранде ду Сул и од Полска заради заштита од можноста за внесување на т.н. њукастелска болест.




Сподели го ова:

Слични објави