ВМРО-ДПМНЕ до крушевскиот градоначалник: Дали се занимававте со предизборни калкулации и паради, додека националното наследство на Крушево остануваше на забот на времето?

Сподели го ова:





























ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево упати повеќе прашања до крушевскиот градоначалник Томе Христоски дали се занимава со предизборни калкулации и паради, додека националното наследство на Крушево остануваше на забот на времето додоека централна власт беше СДСМ.

“Прашање до градоначалникот Томе Христоски и претходната централна власт предводена од СДСМ:

❓Што направивте за заштита на споменикот „Македониум“ и културните установи во Крушево?

❓Дали го чекавте времето да ја избрише нивната вредност?

❓Дали се занимававте со предизборни калкулации и паради, додека националното наследство на Крушево остануваше на забот на времето?

Граѓаните заслужуваат чесно, одговорно и посветено водство – време е Томе и СДСМ да објаснат кои конкретни чекори презедоа за да ги заштитат симболите на нашиот град, наместо празни ветувања и игнорирање на историското наследство.

🚫Општина Крушево во изминативе години не покажа ниту визија, ниту капацитет да се грижи за локалната инфраструктура, а сега бара да управува со споменик од национално значење.

📌 Да бидеме јасни: „Македониумот“ е изградба на сите граѓани и ќе остане под надлежност на државата. Централната власт веќе инвестира во неговата санација, а секој друг повик е обид за политичка манипулација и бегање од реалните проблеми во Крушево – иселувањето, невработеноста и слабата локална економија.

👉 Културното наследство на Македонија е национална вредност. Споменикот „Илинден – Македониум“ и националните установи во Крушево се дел од историјата и идентитетот на целата држава. Затоа тие мора да останат под државна грижа, со јасна стратегија за конзервација и промоција на меѓународно ниво.

📌 Општината е добредојден партнер во управувањето, но не и единствен носител на одговорност. Само заедно – државата и локалната самоуправа – можеме да обезбедиме овие симболи да се зачуваат за идните генерации” – порачаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ -Крушево.




Сподели го ова:

Слични објави