|

ВКУС КОЈ СЕ ПАМЕТИ! И Црвенкапа ужива во неодоливиот вкус на “Стоби Флипс”

Сподели го ова:


























Петокот вечерта, театарската претстава за деца – односно мјузиклот “Црвенкапа”, направи вистински детски спектакл во центарот на Охрид. “Реки од народ” уживаат во театарската уметност која ја прикажаа актерите од Балада Арт Продукција. Сценариото и режијата за оваа претстава е дело на Гоце Илиеска Балада.

Претставата беше пропратена со прекрасни детски мелодии, кои специјално беа компонирани и создадени за оваа театарска претстава. Во овој детски спектакл освен најмладите охриѓанчиња, уживаа домашните и странсите туристи кои го “преполнија” охридскиот плоштад и се дружеа со нивните омилени театарски ликови.

Паралелно со театарската претстава за деца, охриѓани и туристите уживаа во веселиот, сладок свет на вкусови од “Витаминка”, која на посетителите заедно со Црвенкапа, им поделија пакетчиња од највкусниот “Стоби Флипс”.

Витаминка во своето 66 годишно постоење го создаде најголемиот свет на вкусови во Македонија и претставува составен дел од животите на неколку генерации, полни со спомени и бесценети моменти.

Информативниот портал “СТАНИЦА.МК” како и секогаш, така и сега, беше ПРВИОТ МЕДИУМ од Прилеп кој од “прва рака” ги објавуваше најновите настани и случувања од овој детски спектакл кој се одржа во Охрид.




Сподели го ова:

Слични објави