Витаминка продолжува да биде дел од хуманоста што обединува!

Сподели го ова:





























Витаминка – Прилеп својата хуманост уште еднаш ја покажа на дело! Оваа прилепска компанија, ја поддржа мисијата на СОС Детско село на настанот “ЕДНО СЕМЕЈСТВО”, со заедничка цел – да се обезбеди топол дом и сигурност на децата без родителска грижа.

Со гордост ја поддржавме мисијата на СОС Детско село на настанот ЕДНО СЕМЕЈСТВО, кој собра над 150 претставници од 50 компании со заедничка цел – да им обезбедиме топол дом и сигурност на децата без родителска грижа.Годинава фокусот беше на позитивното родителство и јакнењето на семејствата, со цел да се спречи раздвојувањето на децата од нивните биолошки семејства. Почесен гостин беше Н.Е. Мартин Памер, амбасадорот на Австрија, кој ја најави зголемената поддршка од австриските компании. Доделени беа признанија на 20+ компании кои направија разлика во животите на децата. Витаминка продолжува да биде дел од хуманоста што обединува! – истакнаа од Витаминка – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави