Викендов во Битола, “Балада арт продукција” го организираше првиот “БИТОЛСКИ KIDS SUMMER FEST”


Викендов во Битола, Гоце Илиески Балада и “Балада арт продукција” го организираа првиот “БИТОЛСКИ KIDS SUMMER FEST”. Како што веќе е познато, Гоце Балада како резултат на неговите постојани-неуморни активности во повеќе општини во Македонија, и како резултат на тоа што самиот тој остава значајна трага во музиката, уметноста, маркетингот и културата, прилепчанецот Гоце Балада беше прогласен за најкреативна личност во Македонија во областа на културата, уметноста и маркетингот од страна на Друштвото за едукација “Академик”, при што на овој креативен прилепчанец му беше и доделено посебно признание со кое е прогласен за “Најкреативна личност во Македонија во областа на културата, уметноста и маркетингот”. Токму Гоце Балада и “Балада арт продукција”-Прилеп, а со поддршка на општина Битола, викендов, поточно оваа сабота на плоштадот Магнолија во Битола го организираа првиот “БИТОЛСКИ KIDS SUMMER FEST”, фестивал кој што беше наменет за најмладата битолска публика. Првиот “БИТОЛСКИ KIDS SUMMER FEST” направи вистински детски спектакл на битолскиот плоштад. Гости беа музички детски ѕвезди-најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”односно фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”, а веселите ѕвончиња приредија вистинска детска забава за најмладата битолска публика, а воедно и за туристите кои што токму во саботата беа во Битола. На сцената беше присутна и маскотата на Веселото ѕвонче-омилениот лик на детската популација, кое исто така придонесе за уште поубава и поспектакуларна детска забава.
Детски насмевки, радосни детски погледи и уште повеќе радосни и позадоволни родители, е саботниот впечаток од овој прв БИТОЛСКИ KIDS SUMMER FEST”, а доказ за тоа беше исполнетата-задоволна публика која токму во саботата уживаше во овој детски музички спектакл кој што за прв пат се одржа во општина Битола, со надеж дека ќе премине во традиционален музички настан, кој што секоја година ќе се реализира во општина Битола, во летниот временски период. БИТОЛСКИ KIDS SUMMER FEST”, фестивалот кој што создаде убави, летни-детски спомени, како за најмладите битолчани, така и за странските детски туристи кои во саботата беа во Битола. Во прилог, преку слики, Ви пренесуваме дел од од овој спектакуларен детски настан:

