ВИДЕО – ПРОДАНОСКИ ЈА КАЖА ВИСТИНАТА: СДСМ да не ја задолжеше општината за 5 милиони евра немаше да има потреба од обврзница
Денеска се одржа 25-тата седница на Совет на Општина Прилеп, при што веднаш после завршувањето на седницата, претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски, даде изјава за медиумите, при што меѓу другото истакна дека:
“Треба да имаме во предвид дека сегашната опозиција пред извесно време, односно до пред неполна година и пол беа власт, овде ја практикуваа власта во Локалната Самоуправа и ја оставија Локалната Самоуправа во една сериозна финансиски независна ситуација. При преземањето на власта, при крајот на октомври и почетокот на ноември, направија анализа и таа сума беше околу 292.000.000 денари во долгови. Од тие причини, а и со промените на Законите за финансирање и буџетирање на ЛС се скрати уште една можност. Оваа година, се очекуваат сериозни приливи во Буџетот, меѓутоа буџетот за 2023 година беше формиран врз основа на работењето на претходната локална власт, односно за работењето или буџетите за 2019, 2020 и 2021 година кои беа исклучително слаби по однос на реализација на буџетот. Сметаме дека Општина Прилеп и со богатството кое го имаме природно, неисцрпно, дека може да се случи во наредниот период бидејќи како ЛС имаме сериозна дипломатска активност, да се отворат нови концесии за ископување и вадење на минерални суровини, како што беше случај во претходниот мандат и сериозни средства да се слеат во општинскиот бџет, со што би можело рокот за исплаќање на оваа обврзница ако биде дозволено од Министерството и Владата да се сервисира порано од оној рок кој е предвиден согласно овој план за развој, односно за емисија на овие хартии од вредност” – меѓу другото истакна Проданоски.
“Со оваа одлука која денеска Советот ја донесе, се почнува постапка со која низ сите филтри низ сите надлежни институции би се проследувале информации за солвентноста на буџетот на Општина Прилеп, и со која постапка ќе побараме емисија на градски обврзници во висина на 5.000.000 евра. За оваа сума на средства, се предвидени да се изработат три клучни проекти, оние проекти што како владеачко мнозинство и како градоначалник ги превидовме во нашата предизборна програма, но со оглед на околностите во кои поминавме оваа година, и неколку месеци на власт, овде во општина Прилеп сметаме дека ова е единствениот извор на финансирање со кој би можеле, да ги завршиме овие проекти кои ги дадовме како ветување пред нашите сограѓани. Во одлуката се поместени три проекти, тоа е кружниот тек за изведба на градската река на мостот пред табана, потоа пробивање и целосно конструирање на ул.Победа која би значела една важна артерија за поврзување на дел од градот и влезот од Мак.Брод.
Како што спомнав тие се три проекти – сериозни и капитални, кои би имале одлична функционалност и би значеле подобра пристапност, односно подобрување на секојдневниот живот на нашите сограѓани. Ова е само почетна иницијатива…Советот даде зелено светло и општинската администрација во следниот период ќе треба сериозно да работи и да ги спремаат сите пропратни документи согласно Законот за давање на вакви обврзници” -меѓу другото истакна Проданоски. Неговата изјава може да ја погледнете целосно во прилог на оваа објава: