ВИДЕО: Проданоски го врати во функција прилепскиот градски дувачки оркестар кој не функционираше 10-тина години
Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски, го врати звукот кој што недостасуваше во градот под Марковите Кули! По 10 години, Градскиот дувачки оркестар повторно е во функција со млади, професионални и талентирани музичари кои продолжуваат традиција подолга од еден век, градена со генерации.

Кога младите музичари свират за својот град со гордост, наша должност е да бидеме дел од таа приказна. Нашата поддршка е сигурна, затоа што културата е темелот врз кој ја градиме иднината! – порача Проданоски.

















