ВИДЕО: На свечената седница вчера беа доделени наградите за 3-ти Ноември

Сподели го ова:


На свечената седница на Советот на Општина Прилеп која се одржа во собраниската сала на Општина Прилеп,  по повод Денот на ослободувањето на Прилеп 3-ти Ноември, синоќа на здруженија и поединци им беа доделени плакети и дипломи. Градоначаникот Борче Јовчески ги поздрави присутните посочувајќи дека за градот под Марковите Кули и оваа вечер ќе биде историска. Вечер кога имињата на добитниците ќе бидат запишани во историјата на еден град,  од каде низ годините излегле плејада истакнати имиња, како Цепенков, Ѓорче, Пере,  Конески, Кепески,  Кузман, Ченто… и многу други.Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, оваа година доделија  три награди за животно дело – Златна плакета. Постхумно награда  за животно дело им се доделува на  Драган Попоски-Дада, доајен на македонската современа скулптура, Тачко Локвенец, новинар, писател и публицист и на Илија Адамоски, истакнат општествен работник. Плакети беа доделени на: Младост 96, за достигнувања во областа на спортот, Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР, за постигнати значајни резултати и достигнувања за подобар живот во локалната заедница, Здружение за правна едуација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т Прилеп, за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права и фирма МИНАС Прилеп, за негување на занаетчиството. Награди – дипломи по повод  3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп им се доделуваат на: Георги Стале Поповски, за достигнувања во областа на книжевноста и преведувачката дејност,  Блага Тутеска, за достигнувања во областа на образованието и литературата, Круме Пирганоски, за достигнувања во областа на образованието и информатичката технологија, Божана Тренческа, за достигнувања во областа на литературата, Димче Велкоски, за достигнувања во областа на воздухопловното, спортско и ракетно модуларство, Пулексенија Јованоска, за особен придонес во промоцијата на карате спортот во светски рамки и Јовица Нешкоски-Фризерот (постхумно), за негување на фризерскиот занает. Оваа година се навршуваат точно 77 години од остварувањето на вековните стремежи за национална слобода, еден од најзначајните датуми за градот Прилеп – 3-ти Ноември.





Сподели го ова:

Слични објави