ВИДЕО: ЈАКИМОВСКА, СЕ ОБИДЕ ДА МУ “ОТВОРИ ОЧИ” НА ПРЕМИЕРОТ: Дали на Европа и треба земја која што прави 2,4 (БДП)? Не!
На првиот настан од кампањата „Ние сме Европа“, каде во првиот ред присуствуваше премиерот Димитар Ковачевски, сопственичката на Комфи Ангел Ирена Јакимовска преку нејзиниот мошне впечатлив говор, се обиде да му отвори очи на премиерот, при што му се обрати лично него, и гледајќи го право во очи, директно го запраша:
“Да се запрашаме и да бидеме реални пред себе, и да се видиме во огледало. Дали на Европа и треба земја која што прави 2,4 (БДП)? Не! За да може овој народ да осети дека Европа дошла тука без 7% БДП… Премиере, единствен начин тоа да го направите, е да изградите мост помеѓу бизнис заедницата и оние кои што го креираат државниот апарат и законските регулативи. Ако тој мост не го изградиме овдека одма сега, утре, иди време на поплави. Реката меѓу нас е се поголема и поголема…” – му порача сопственичката ка Комфи Ангел – Ирена Јакимовска, на премиерот Ковачевски.
Ова беше уште еден мошне впечатлив и реален говор на Јакимовска. Очигледно е дека премиерот не знаел каква способна, храбра личност има во публиката, и со каков интелектуалец си има работа.