“Веселите Ѕвончиња” ќе бидат главни ѕвезди на вечерта во Битола на второто издание од популарниот “Kids Music Fest”
Секое дете, своја искрена сказна – безгрижно си плете… И ете, така е и во оваа наша музичка – детска бајка која што ќе се случи во Битола. Станува збор за второто издание на големиот детски музички хепенинх “KIDS MUSIC FESTIVAL”, на кој специјално за најмладата битолска публика ќе настапат голем број на детски музички ѕвезди од цела Македонија, кои специјално за најмладите битолчанчиња на 28.06.2025 година ќе допатуваат во убавата Битола. “Веселите Ѕвончиња” ќе бидат главни ѕвезди на вечерта во Битола на второто издание од популарниот “Kids Music Fest”.

Креаторот на настанот најавува голема детска дружба, весели детски музички хитови, како и вистинска релаксација за присутните родители, бидејќи најголема релаксација за родителите е кога гледаат дека нивните деца се задоволни и среќни.


















