Не само битолчани, туку и битолчанки уживаа во одличното Car Show – со тоа докажаа дека се граѓани со моторна енергија, стил и пасија кон автомобилите
Годинава за прв пат во Битола, 160 возила од 29 градови и 5 држави го исполнија срцето на Битола со моторна енергија, стил и пасија кон автомобилите. Љубители на брзината, класиците и тјунинг уметноста, сите беа собрани на едно место, на паркингот пред спортската сала во Битола.

Битола уште еднаш докажа дека е центар на авто ентузијазмот!
Честитки до организаторите Car Club Bitola што Битола е дел од мапата на ваков тип на собири.


















