Верата кон Бога е единственото нешто кое може да го спаси светот
Верата е духовна способност всадена од Бога во душата на човекот за да го води кон тврдо и непоколебливо убедување дека Бог е: Творец, Промислител и Спасител на светот и човекот. Неа ја има само кај човекот. Кај животните вера нема. Мртвата и жива природа ја докажува Божјата премудрост и сила со своето хармонично и планско движење, а неразумните створови – животните, преку инстинктот.
Само човекот, како разумно создание преку својата душа и разум треба да сознава дека светот и сè во него не е игра на некоја слепа и случајна стихија, туку дело на Бога. Душата тоа го чувствува во себе, а разумот со објаснува. Осмислување на својот живот и внатрешен душевен мир човекот не може да има додека душата не му се поврзе со Бога. „Како што еленот ги бара потоците, така и мојата душа Те бара, Тебе, Боже: Жедна е мојата душа за Бога“ – вели пророкот Давид…