ВЕДНАШ ПРЕНЕСЕНА ВО БОЛНИЦА: Прилепчанка падна од автобус и се здоби со тешки телесни повреди

Сподели го ова:


























На 30.09.2023 во 10.40 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Ч.М.(67) од Прилеп.

При извршен службен разговор со полициските службеници, таа појаснила дека со повредите се здобила на 29.09.2023, при пад во внатрешноста на  автобус, додека се превезувала како патник од Транспортен центар кон блискиот трговски центар. Од страна на полициските службеници службен разговор бил извршен и со возачот на автобусот – информираат од МВР.




Сподели го ова:

Слични објави