Во прилепскиот затвор затворениците ја започнаа бербата на првиот свеж зеленчук!

Сподели го ова:





























Во Казнено-поправниот дом Прилеп започна бербата на пиперката – еден од зеленчуковите производи што се одгледуваат во рамки на установата. Произведениот зеленчук се користи исклучиво за исхрана на осудените лица.

Овие производи се целосно одгледани од самите осудени лица, под стручен надзор и контрола на инструкторите. Со ова се поттикнува развој на корисни работни навики, вештини и позитивна ресоцијализација.

Активностите поврзани со земјоделство се дел од поширокиот пристап на установата за вклучување на осудените во општествено-корисна работа и подобрување на условите за живот во установата.




Сподели го ова:

Слични објави