Вечерва на Камената бина во Прилеп – Алекс & пријателите со „Disco Night“
Вечерва продолжува проектот „Од 0 до КултурА“ со уште една музичка вечер исполнета со енергија, емоција и добро расположение.
Од 21:00 часот на Камена бина, пред прилепската публика ќе настапат Алекс & пријателите со „Disco Night“. Овој бенд го сочинуваат: Александра Трајческа – вокал, Александар Ристески – гитара, Анастасија Ристовска – тапани, Мартин Стојанов – бас гитара и Лашко Атанасов – клавијатури.
Ве покануваме да бидете дел од уште една убава летна вечер, да уживаме заедно во музиката и да ја поддржиме младата уметничка сцена.
Се гледаме вечерва на Камена бина!


















