Вчера вечерта во Прилеп, магична ноќ со унгарски танци и песни во центарот на градот

Сподели го ова:





























Извонредна вечер на унгарски танци и песни се одржа синоќа на платото пред Центарот за култура во Прилеп. Публиката во голем број, уживаше во настапот на ФА Ризгетош и врвниот оркестар Фокош, кои одлично го претставија унгарскиот фолклор и традиција.

По речиси час и дваесетина минути, исполнети со танц и песна, фолклористите и оркестарот беа наградени со аплаузи.Вечер за паметење, во која на крајот беше вклучена и публиката!

Центарот вечерта,традиционално, во рамките на меѓународната соработка, ја реализираше во соработка со Здружението на Унгарците Теледом, Амбасадата на Унгарија во земјава и Министерството за надворешни работи на Унгарија.




Сподели го ова:

Слични објави