Учениците од 4-то одделение од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ од Прилеп, го посетија кабинетот на прилепскиот градоначалник Борче Јовчески

Сподели го ова:





























Денеска, учениците од 4-то одделение од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ од Прилеп, го посетија кабинетот на прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

На мое големо задоволство денес имав посета на учениците од 4-то одделение од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“. Во овој период кога според нивната програма тие ја изучуваат работата на општината, ми беше особено драго тоа што имав прилика како градоначалник практично да им го покажам тоа што тие го изучуваат.

Ме радува фактот што учениците од оваа возраст имаат прилика да ја видат и изучат работата на Локалната самоуправа од „прва рака“, бидејќи така создваме основа за идни созреани личности кои секако би нè наследиле на нашите сегашни работни позиции. Исто така изразувам благодарност и до наставниците кои го даваат својот максимум за на децата да им овозможат еден вид интерактивна настава која остава навистина добар впечаток кај нив” – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави