Вака се сака Прилеп – порачуваат ЈП Комуналец
Со креативна идеја и разубавување на просторот, станарите од ул,, Васко Карангелески”, бр 125, згради пред касарна, ќе вршат контејнерско собирање на отпадот.
Станарите од зградите беа искомуницирани дека отпадот неможе повеќе да се собира на улица на пунктот пред мостот, кој претставуваше одлагалиште на секаков вид отпад од несовесни граѓани и истите ќе се дислоцираат.
На станарите од зградите им се објасни дека ќе бидат задолжени со засебни контејнери за собирање на мешан комунален отпад и отпад за селекција . Идеата беше прифатена, со исклучоци на револт од одредени граѓани од останатите згради.
Станарите од оваа зграда се самоорганизираа и во неполна седмица никна ова прекрасно еколошко острово кое ќе го краси платото пред нивната зграда.
Секоја чест господа! – стои во објавата на ЈП Комуналец-Прилеп.
















