Со секоја купена влезница за културен настан, купувате “парче уметност” за својата душа
Квалитетната понуда на културни и уметнички настани прави луѓето да се чувствуваат многи позадоволни, па врз основа на тоа луѓето кои посетуваат поширок спектар на културно – уметнички настани се позадоволни и поисполнети за разлика од луѓето кои немаат таква практика. Квалитетната понуда на културните настани предизвикува самото општество да се чувствува подобро и надоградено, и како резултат на тоа, луѓето кои живеат во тоа општетство се помотивирани да останат таму каде што живеат.
Голем број на студии потврдуваат дека можноста за поседување на театар, фестивал, изложба и сличо, значајно влијае на чувството на благосостојба и задоволство кај граѓаните од аспект на нивната приврзаност кон местото на живеење и на чувството на припадност на заедницата. Сето ова подразбира дека со секоја купена влезница за културен настан, купувате “парче уметност” за својата душа!