УЖАС! Прилепчанец во Словенија застрелал жена, па самиот си пресудил

Сподели го ова:


























Вчера попладне во општина Градец – Словенија, две лица го загубиле животот – пренесуваат словенечките медиуми, а како што дознава „Скопје1“  македонскиот државјанин кој загинал е по потекло од прилепскиот регион и дека е на возраст околу 30 години.

Врз основа на информациите од полициската управа на Цеље, и според првичните сознанија од местото на настанот, на пукањето му претходела претходна расправија помеѓу маж и жена, при што мажот пукал во жената, а потоа и самиот се застрелал.

Мажот починал на лице место, додека пак жената била во тешка состојба, и веднаш била пренесена на укажување помош во градската болница во Градец, каде починала.




Сподели го ова:

Слични објави