Утре во “прилепски Параклис”: Предавање од протоереј Дејан Секулоски веднаш после петтиот и последен акатист за овој велигденски пост
Утре во црковните храмови ширум земјава ќе се отслужи петтиот и последен акатист за овој велигденски пост.
ПЕТТИ И ПОСЛЕДЕН АКАТИСТ СО ПОЧЕТОК ОД 17 ЧАСОТ, во последниот петок од Великиот Воскресенски пост во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис, ќе се служи Мало повечерие на кое ќе се чита акатист посветен кон Пресвета Богородица и ќе се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ. Потоа ќе се одржи и предавање од овогодишниот циклус на предавања на тема: “Љубовта како начело во Благодатта Божја”, на кое ќе предава протоереј Дејан Секулоски, во просториите на административната зграда. Воедно упатуваме и ПОКАНА до верниот народ на Прилеп со помасовно присуство на предавањето – информираат од “прилепски Параклис”.


















