Синдикатите сметаат дека тестирањето за корона не треба да биде на трошок на вработените

Сподели го ова:


Предлог-мерките на Комисијата за заразни болести врз основа на кои што се бара сите вработени во јавниот сектор треба да бидат вакцинирани против Ковид или да приложат негативен ПЦР тест со важност од 72 часа или сертификат за прележан ковид, најверојатно ќе биде одобрени од страна на Владата на нашата земја. Синдикатите сметаат дека тестирањето за корона не треба да биде на трошок на вработените. Министерот за здравство Филипче нагласи дека во понеделник ќе се разговара на седница на Главниот кризен штаб, а потоа ќе се разговара и на Влада,еве што тој изјави: “Тоа е нешто што ќе го разговараме неделава што е пред нас. Оваа мерка ќе ја дискутираме на Главниот кризен штаб во понеделник, а потоа и на седница на Влада. Искомуницирав и со претседателот на Синдикатот на здравство, кој апсолутно дава поддршка на оваа мерка, но, исто така го иницираше прашањето, исто како и другиот синдикат УПОС, што со оние кои нема да ја почитуваат оваа мерка”, рече Филипчe





Сподели го ова:

Слични објави