Утре, Прилеп и прилепчани ќе пулсираат во духот на “Автослом натпреварите”
Утре, 20 Октомври на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп, ќе се одржи Авто слалом трка, и тоа по четврт пат, каде ќе се натпреваруваат над 30 возачи. Секој возач задолжително ќе биде алкотестиран од страна на службено лице, а ако на алкотестот се докажи резултат поголем од 0,5 промили возачот ќе биде дисквалификуван и нема да има дозвоча да вози. Учесниците на трката ќе се приодржуваат и до следниве други правила:

Основни и задолжитени правила за сите возачи:
1. Технички исправно возило:
– волан (систем за управување)
– кочници (ножна кочница)
– сигурносен појас
– прицврстен акумулатор
– функционално и правилно прицврстено возачко седиште
2. За возачите:
– заштитна кацига
– облека по долги ракави(тркачки комбилизон, тренерки, јакна, блуза со долг ракав) ваш избор
3. За време на возењето задолжително затворени прозорци
КАЗНЕНИ ПОЕНИ (ПЕНАЛИ):
– Турнат чун 2 сек.
– Промаршена врата/капија 5 сек.
Се гледаме утре на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп, на одлична Авто слалом трка!

















