МВР денеска “ги учеше” битолчани како да се заштитат од кражби

Сподели го ова:































Полициски службеници од СВР Битола, денеска (24.06.)  реализираа  превентивна активност на повеќе локации во Битола под мотото „Градиме пријателство-создаваме безбедност“, тематски посветена на превенцијата од имотни деликти, со посебен акцент на превенција од џебни кражби  и провални кражби.


Активноста беше реализирана преку непосредни средби со граѓани, особено оние од повозрасните категории, на коишто им беше укажувано и појаснето како да се заштитат од сторителите на овие кривични дела. На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави