Убава вест за крушевчани: Водата во Крушево е здравствено исправна и безбедна за употреба
Почитувани граѓани,
Согласно добиените лабораториски резултати од 16.12.2025 година, се УКИНУВА забраната за користење на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Крушево
Водата е здравствено исправна и безбедна за употреба.
Општина Крушево им се заблагодарува на граѓаните за покажаното трпение и разбирање – известуваат од Општина Крушево.















