Градоначалникот Јовчески и Веселите Ѕвончиња, денеска беа дел од настанот за поддршка на лицата со ретки болести

Сподели го ова:


























Градоначалникот Борче Јовчески и детските музички ѕвезди од минатогодишното издание од најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, денеска беа дел од настанот за поддршка на децата со ретки болести. Имено, овие детски музички ѕвезди кои доаѓаат од повеќе градови денеска настапија во ООУ “Рампо Левката”-Прилеп, предводени од страна на Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески-БАЛАДА. На настанот имаше голем број на гости, посетители, деца, претставници од Општина Прилеп, како и Градоначалникот Борче Јовчески. Настанот го отвори Јасмина Христоска, која што ги поздрави присутните и говореше за значењето на овој ден. Веднаш после неа, настанот свечено го отвори прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој што ја ја истакна важноста на овој меѓународен ден, а воедно нагласи дека Општина Прилеп секогаш ќе стои на располагање и ќе излегува во пресрет децата со ретки болести. Веднаш потоа Градоначалникот Јовчески се огласи и на социјалните мрежи при што истакна:

May be an image of 1 person, balloon and indoor

“Чест и задоволство ми беше што денес присуствував на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со ретки болести. Прилепчани масовно дадоа поддршка на ЗЛРБП „Мојот редок свет“ од Прилеп во чија организација беше денешниот настан. Подигнувањето на свеста и спроведувањето на промени за повеќе од 576 лица (според официјалната статистика) во Македонија, кои што живеат со некоја ретка болест е многу важно! За жал поголемиот дел од нив се деца и нив најмногу им треба поддршка од сите нас. Заеднички испративме порака дека ретките се многу, ретките се силни и ретките се горди!”-истакна Јовчески

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е 400.jpg

Веднаш после говорот на Градоначалникот Јовчески, настапија Веселите Ѕвончиња кои што направија вистински детски спектакл. Веселите ѕвончиња преку игра и песна им дадоа поддршка на децата со посебни потреби, се со цел на децата со посебни потреби да им се достави до знаење дека сите тие се дел од нас, и дека детската песна не познава никакви граници, бидејќи кај децата не постојат граници, туку напротив-постојат само поддеднакви права и можности. Како и да е, прилепските Весели Ѕвончиња сите овие години создаваат весели детски спомени за сите детски генерации, а овој пат музичките спомените беа создадени кај децата со посебни потребни.

May be an image of 12 people, people standing, balloon and indoor
Нема достапен опис



Сподели го ова:

Слични објави