ЌЕ ИМА ЛИ ОДГОВОРНОСТ ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ЖИВОТИ? Денес, протест против убиството на онкологија

Сподели го ова:


























Денеска со почеток од 18 часот, започнува протестот пред Владата, каде присутните ќе го искажат својот гнев и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија.

“Протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе повикаме на оставка и ОДГОВОРНОСТ од сите министри за здравство!

Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во животно-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години.

Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!

Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери!

1. Бараме одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити.

2. Бараме одговорност од замениците-министри за здраство Илир Хасани и Маја Манолева.

3. Бараме одговорност од поранешната директора на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска.

4. Бараме одговорност од поранешниот организационен директор на Клиниката Нехат Нухи” – стои во објавата од организаторот на овој протест.

 




Сподели го ова:

Слични објави