Топол пречек за Јовчески и Проданоски во с.Штавица
По повод големиот христијански празник „Рождество на Пресвета Богородица“ или попозната како Мала Богородица, денеска прилепскиот градоначалник Борче Јовчески и Претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски, го посетија населеното место Штавица, каде што традиционално се одбележува овој голем празник во дворот на црквата која што го носи името „Рождество на Пресвета Богородица“.
Денеска во Штавица, имаше утринската литургија која започна рано утрото во 07-30h.
Колку за потсетување, селото Штавица преку оваа слава, традиционално го одбележува овој голем празник. На самиот празник – денеска, имаше голема прослава во дворот на црквата.