ТЕШКО НА НАРОД: Од утре поскапуваат повеќе лекови
Уште поголемо поскапување на цените на лековите се очекува од утре – 1 март. Битно е да се нагласи дека зголемувањето ќе влијае на онаа категорија на лекови кои што се земаат без рецепт, а не на лековите кои се наоѓаат на позитивната листа.
„Имаме официјална информација од компаниите дека поскапување особено од 1 март, ќе има кај лековите ОТЦ, каде поскапувањето ќе биде видливо, а нема најава за лековите од позитивната листа и другите лекови кои се земаат со лекарски рецепт. Поплаки има и од граѓаните. Тие се во право, има некои лекови кои недостигаат на фармацевтскиот пазар, како што се лекови за епилепсија кои одамна ги нема, а има и некои други лекови за срце кои лекарите ги препишуваат“, нагласи Имер Имери, потпретседател на Комората на фармацевти.
